За поднесување на барањата за субвенции за млеко рокот се пролонгира.
За произведеното и предаденото овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од јануари до април годинава, барања наместо до 25 ќе се примаат до 30 јуни годинава. Поддршката за производителите на млеко изнесува 3,5 денари по литар.
Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
Паралелно може да се доставуваат и барањата за купени несилки во периодот од јануари до април 2016 година. Финансиската поддршка е 100 денари за несилка.
Рокот за поднесување на барањата за поголемиот дел од другите субвенции завршува на 30 месецов.