fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

За земјоделците 2021 година беше тешка, а за надлежните рекордна по инвестиции во секторот

Македонското земјоделство, првпат од осамостојувањето на државата, во новата година влегува „обезглавено“ – без ресорен министер.

Македонското земјоделство, првпат од осамостојувањето на државата, во новата година влегува „обезглавено“ – без ресорен министер. Но, како тоа се одразува врз секторот и дали ја менува актуелната агро-слика, веројатно ќе може да се процени од некоја друга, подалечна перспектива.

Според надлежните, 2021-ва ќе биде запамтена по рекордно високите исплати и реализираните 203,5 милиони евра инвестирани директно во земјоделството, додека за земјоделците ова е само уште една тешка година со покачени цени на репорматеријалите, ниски откупни цени, зголемени производни трошоци и силно изразени климатски промени.

 

 

Корона пандемијата, нагласуваат земјоделците, ги извади на површина сите слабости и проблеми кои се акумулираат со децении. Стануваме увозно зависни за храна, сè уште не е воспоставен стабилен систем на договорно производство и не се решени проблемите со откупот и со пласманот.

Во однос на кризата, земјоделците оценуваат дека замрзнувањето на цените на основните прехранбени производи е добра, но задоцнета мерка што требала да се воведе порано. Тие најавуваат и поскапувања, посебно на лебот, млекото и месото.

-Како што и се гледаат состојбите на терен, сликата ни малку не е светла во последните неколку години. Производните цени на земјоделските производи се зголемуваат, а откупните цени се намалуваат. Од друга страна, земјоделците се изложени на негативните влијанија на климатските промени кои прават големи штети. Она што најмногу го погодува македонскиот земјоделец се ниските откупни цени и овој тренд е забележителен во последните десет години. Тоа ги доведува примарните земјоделски производители во ранлива положба во поглед на стопанските и деловните активности, како и нивниот животен стандард. Она што може да се дефинира како значајни проблеми и предизвици во пласманот се ниските откупни цени, неорганизираноста на земјоделците, нелојалната конкуренција која го има монополот на пазарот за откуп, непостоењето на договорно производство, ниското ниво на едукација и инвестирање во нови технологии, недоволата едукација за претприемништво, непостоењето постбербени технологии и продолжување на рокот на траење, недолните количини на одреден производ, малото учество на преробатувачките капацитети во откупот, неспроведувањето анализи на пазарите, малиот принос по единица површина. Токму овие проблеми и предизвици го уништија земјоделецот и тоа е една од основните причини за големата миграција од селата и осиромашувањето на руралното население, вели за МИА претседателката на Националната федерација на фармери (НФФ), Васка Мојсовска.

Според неа, производните цени се далеку повисоки од продажните, а тоа укажува дека немаме стабилен систем на храна што функционира во секакви околности и што е во состојба за потрошувачите да обезбеди доволно и континуирано снабдување со квалитетна храна по достапни цени.

-Пандемијата предизвика дрстичен пад на цените на одделни производи како јагнето, пченицата, грозјето, тутунот и тоа ја влошува економската состојба на малите земјоделци. Ние побаравме да се воведат ваучери за земјоделците кои не беа опфатени во владините мерки за справување со КОВИД-кризата и регистрираните земјоделци исто така да бидат опфатени во мерките за плата, како и поволните кредити што ги дава Развојната банка на РСМ, истакнува претседателката на Федерацијата.

Мојсовска се осврнува и на поддршката. Нагласува дека политиките, мерките и субвенциите треба да бидат креирани во насока на јакнење на оние земјоделци чија основна дејност е токму земјоделството, за да можат да произведуваат што повеќе, да го снабдуваат домашниот пазар, да реализираме извоз и да нема вишок храна.

-Со Буџетот за 2022, Програмата за субвенционирање и Програмата за рурален развој не се нешто промените во однос на претходните години. Треба да се развиваат и јакнат синџирите за снабдување на храна од домашното производство. Насоката на Програмата за рурален развој е да се овозможи квалитетно производство, да се даде можност малиот земјоделец да инвестира во нови технологии за производство и во справување со климатските промени, подвлекува Мојсовска.

НФФ не гледа проблем во тоа што Министерството за земјоделство речиси два месеца е без прв човек откако Арјанит Хоџа на 12 ноември поднесе оставка од функцијата.

-Во овој период имаме итензивна комуникација со Министерството за земјоделство, бидејќи е крај на годината, се носат нови програми, се очекува и почнување на ИПАРД 3 програмата. Се оддржа и ИПАРД комитет, активно се одвиваа и состаноците на потсекторските групи. Немаше нарушување на динамиката во комуникацијата и кординацијата со нас како организација. Со Хоџа имавме добра комуникација. Сепак, не треба Министерството долго време да биде без министер кој по функција е прв човек и раководи со една од најзначајните институции за земјоделството и руралниот развој, вели Мојсовска.

Повеќе на следниот линк https://nezavisen.mk/za-zemjodelcite-2021-godina-beshe-teshka-a-za-nadlezhnite-rekordna-po-investicii-vo-sektorot/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close