fbpx
Без категорија

Задолжителното пензионирање до 64 години „заглавено“ во Собранието, граѓаните кои сакаат да продолжат револтирани што не смеат да поднесат барања

Не се знае ни кога ќе се донесе, бидејќи, како што рече министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска, сите законски решенија кои го регулираат ова прашање, се блокирани со амандмани од опозицијата. 

Се уште не е донесен законот за задолжително пензионирање на вработените во јавниот сектор заклучно со 62 години за жени и 64 години за мажи.

Не се знае ни кога ќе се донесе, бидејќи, како што рече министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска, сите законски решенија кои го регулираат ова прашање, се блокирани со амандмани од опозицијата.

Она што се знае, е дека право на продолжување на годините до пензионирање, ќе имаат само оние што поднеле барања до крајот на август минатата година.

А во меѓувреме, според информациите, со оглед што се уште важи законот за продолжување на годините до пензионирање, многу граѓани веќе сакале да си поднесат барање за продолжување, но тоа не им било дозволено, што е причина за нивни револт, бидејќи сметаат дека не може да се забранува нешто за што уште не е донесен законот.

Шахпаска нагласи дека станува збор за законско решение кое не е поднесено од нејзиното министертво од Владата, туку од група пратеници.

„Законот, според моите информации, е стигнат во второ читање.За сите четири закони кои го регулираат пензионирањето на 64 години, како што е Законот за работни односи, Законот за административни службеници, Законот за здравствена заштита и Законот за високо образование, се блокирани од опозицијата со по 400 до 500 амандмани. Значи, пред јавноста треба да се објасни дека ние како министерство не учествуваме во законодавната процедура. Јас ги повикувам пратениците, како од власта, така и од опозицијата, да најдат начин да се договорат, бидејќи нашите информации се дека сите амандмани се речиси исти, односно се однесуваат само на преместување на рокот за важење на законот“, рече министерката Шахпаска. https://faktor.mk/zadolzitelnoto-penzioniranje-do-64-godini-zaglaveno-vo-sobranieto-gragjanite-koi-sakaat-da-prodolzat-revoltirani-shto-ne-smeat-da-podnesat-baranja

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close