fbpx
ВестиМакедонија

Заев: Петтиот пакет тежи 160 милиони евра, преминуваме кон економско закрепнување

Опфатени се 29 мерки распоредени во четири главни столба – директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити, поддршка за намалување на парафискалните давачки и за даночно олеснување, како и директна помош за граѓаните, соопшти премиерот Зоран Заев.

Вкупно 160 милиони евра тежи петтиот пакет на економски антикризни мерки, со кој се опфатени 29 мерки распоредени во четири главни столба – директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити, поддршка за намалување на парафискалните давачки и за даночно олеснување, како и директна помош за граѓаните, соопшти премиерот Зоран Заев.

-На денешната владина седница е затворен пакетот за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. Овој пакет директно се надоврзува на претходните четири и има за цел да ја придвижи економијата кон нам познатите стапки на раст од 4-5 проценти, односно на динамиката на раст што ја имавме пред пандемијата – рече Заев.

Тој додаде дека поддршката од повеќето мерки ќе се користи до крајот на 2021 година за, како што рече, да имаат влијание и ефект врз економијата.

-Мерките се донесени низ дијалог и партнерство со сите релевантни чинители – стопанските комори, работодавачите и синдикатите, како и изминатите четири пакети, проследени со сериозни анализи од институциите. Мерките ќе го заокружат процесот на директна поддршка со што преминуваме во фаза на излез и закрепнување од кризата. Тоа значи дека доаѓаме повторно во време на стабилност и развој, состојба која со овие мерки дополнително очекуваме да се стимулира – истакна Заев.

Воедно, тој нагласи дека субвенции ќе добијат и здравствените работници, лозарите и други категории. Исто така, Заев посочи дека со овој пакет се опфатени 120 радиодифузери во земјава преку ослободување од годишна давачка за концесии, додека 15 радиодифузери ќе бидат опфатени со посебна мерка.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close