Зафировски: Граѓаните сакаат да пазарат евтино и во близина
Видео
Организацијата која се занимава со состојбите на пазарот, Инсајдер АјДи, деновите прослави пет години работа на истражување на пазарот. Денеска се објавува најновиот извештај за истражувањето кој вклучува и еден петгодишен тренд. Се истражуваа маркетите каде што најмногу пазарат граѓаните и колкава е нивната лојалност.
-Првиот дел се однесува на тоа во кои маркети најчесто пазарат граѓаните, а во вториот дел колкава е нивната лојалност односно колку се задржува зачестеноста на купување во одреден маркет. Во последно време се случува појава на неколку најкористени маркети за пазарење, а не само еден. Постои мал дел од потрошувачите кои го зголемиле пазарувањето, вели Сергеј Зафировски од Инсајдер АјДи.
ој додава дека постои нов вид потрошувачи, локациски потрошувачи кои бараат една локација каде што најблиску можат да ја набават целата потрошувачка кошничка по пониска цена.
Целата состојба со рејтинзите на најголемите синџири на маркети, погледнете во видеото