fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пендаровски во посета на Демирхисарско – беше во Слоештица, Бабино, Слепче

Претседателот Пендаровски, во село Бабино, ја посети библиотеката „Ал-Би“, во приватна сопственост на Стево Степаноски.

Претседателот Стево Пендаровски вчера ја посети општина Демир Хисар во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“.

За време на посетата, Пендаровски во селото Слоештица ја посети спомен-собата на големиот македонски писателот Петре М. Андреевски, сместена во некогашниот Задружен дом, кој се реконструира и ќе прерасне во нов Мултифункционален центар. Во спомен-собата, покрај дела од писателот Андреевски, да бидат изложени и негови лични предмети кои ги подари неговото семејство.

Во селото Слепче, претседателот Пендаровски го посети манастирот „Св. Јован Претеча“, каде беше запознаен со историјатот на манастирот, кој меѓу другото, бил и значајно црковно и манастирско средиште на Охридската Архиепископија. Денес манастирот ја продолжува издавачката дејност и творештвото на нова химнографија, а ја возобновува и резбарската школа со автентичен стилски израз. Сестринството се занимава и со сточарство, пчеларство  и земјоделство.

Претседателот Пендаровски, во село Бабино, ја посети библиотеката „Ал-Би“, во приватна сопственост на Стево Степаноски. Библиотеката е резултат на 140 годишна семејна традиција во колекционерство. Најстарата книга е Арапски речник од 1307 година. Вкупно во библиотеката има над 20.000 наслови и брои 3.000 читатели од кои голем број видни академици, а има и членови од странство. Во состав на библиотеката има и етномузеј и амфитеатар на отворено.

Во селото Слепче претседателот Пендаровски го посети домот на Гоце Трајчевски, кој е неодминливо место за посета од домашни и странски туристи. Тој дава и личен придонес за инфраструктурното уредување на целото село.https://nezavisen.mk/pendarovski-vo-poseta-na-demirhisarsko-beshe-vo-sloeshtica-babino-slepche/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close