fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Претпладне сончево, попладне нестабилно со локален пороен дожд

Влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава се очекува во сабота.

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен и северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

Во четврток и петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер. Влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава се очекува во сабота.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close