вести

Започнува реализацијата на проектот за развој на земјоделски задруги

(Oвој напис е објавен на: март 23, 2018)

zadruga

Од денеска започнува имплементацијата на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“. Проектот е финансиран од Инструментот за претпристапната помош -ИПА на Европската унија. Проектот финансиран од Националната програма ИПА за 2015 година се спроведува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, а партнери кои го спроведуваат проектот се CARE Германија / Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија. Проектот со вредност од 1,98 милиони евра започна во декември 2017 година и ќе трае до февруари 2021 година.

-Основната цел на овој проект е да се зголеми конкурентноста на пазарот, како и соработката меѓу земјоделците во Република Македонија, преку создавање на поволни услови за развој на постоечките и создавање на нови земјоделски задруги. Искуствата покажуваат дека земјоделците здружени во задруги со големи обработливи површини, гарантираат усогласен квалитет на пазарот, примена на современи технологии, добра земјоделска пракса, но и поголема конкурентност и подобар пласман на македонските земјоделски и прехранбени производи на странските пазари, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

При тоа министерот Николовски посочи дека Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, прават огромни напори да го поттикнат и поддржат развојот на земјоделските задруги. Во годинешната Програма за рурален развој за мерката „Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност“, односно за земјоделски задруги се планирани близу 80,3 милиони денари.
Константинос Соупилас од Делегацијата на Европската унија, посочи дека земјоделските задруги имаат витално значење во во вкупното земјоделско производство.

-Земјоделските задруги се важни за руралниот развој и целосниот развој на економијата во европската унија. Во Европската унија, земјоделските задруги претставуваат важен елемент.Во Европа има 51.000 земјоделски задруги, од кои 20.000 се во Европската унија и имаат годишен обрт од 50 милијарди евра. Овој проект ќе има важна улогаво развојот на задругарството во Република Македонија, изјави Соупилас.

Со проектот се планирани низа активности, како длабинска анализа на правната рамка и политиките за земјоделски задруги, формулирање на предлог измени проследени со јавна расправа, формирање на работна група и дебата за можни решенија, поддршка за воспоставување на систем за следење на земјоделски задруги, зајакнати капацитети на чадор организација на земјоделските задруги која ќе добие техничка и финансиска поддршка.Исто така ќе се работи зголемена свест меѓу земјоделците, бизнисите и пошироката јавност за придобивките од задругите со спроведување на кампања за подигнување на јавната свест за придобивките од задругите и инфо сесии со локалните заедници.
Во регистарот на земјоделски задруги досега се запишани 39 земјоделски задруги, од кои 7 земјоделски задруги се од голем обем, со најмалку 20 членови, а останатите 32 земјоделски задруги се од мал обем, со најмалку 10 до 19 членови.

Целна група на проектот се 30 постоечки земјоделски задруги и 30 групи земјоделци кои сакаат да формираат нови задруги и да учествуваат во проектни информативни сесии и обуки за развој на бизнис планови, од кои 20 ќе добијат грантови за проекти.


 

 

бриф.мк

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close