fbpx
ВестиСовети

Запознајте се со МИРТА, украсно и лековито растение

Латинското име потекнува од зборот Myrtus communis, припаѓа на семејството миртовки, односно семејството Myrtaceae.

Имено, цветовите од мирта се со многу силен и опоен мирис, а тоа му дава можност да се користи во форма на чај, или масло, како природен лек кој ни овозможува да се ослободиме од надуеност, настинки, кашлици и многу други инфекции. Самиот факт дека миртата во античка Грција, порано се користела за да се накитат победниците, како и невестата на свадбата, раскажува колку ова растение одамна се ценело и почитувало.

Со цел правилно да се одгледува мирта, треба да се знае дека може да се одгледува, надвор од природното живеалиште, но под услов да биде заштитена од мраз и ветер. Лисјата имаат силен мирис и се исклучително големи, а доколку сакате да послужат за украсување, берете ги само нив или заедно со миризливите цветови, од мај до август. Плодовите се мали и полни со семе. Што се однесува до прихраната, миртата треба да се ѓубри од март до август. За ѓубрење е потребно комплексно ѓубриво, кое содржи минерали, и се користи секоја втора сезона.

 

Валентина Соколовска

Зелена берза

Слични написи

Back to top button
Close