вести

Заштитена ,,Црногорската пршута”

,,Црногорската пршута” е новиот заштитен производ во Црна Гора, соопшти Министерството за земјоделство, истакнувајќи дека во последниве две години ова е петти заштитен бренд.

,,Природното опкружување, климатските услови во регионот, долгата традиција на производство и добрата репутација на овој производ која ги надминува границите нна Црна Гора, се основа за заштита на ‘Црногорската пршута’ како специфичен и автентичен производ”, се наведува во соопштението.

Оваа пршута се произведува во границите на Стара Црна Гора, а во рамки на постоечките административни граници на општината Цетиње, Никшиќ, Даниловград, Подгорица и Бар. Надморската височина варира од 500 до 1 500 метри. Региоот каде што се произведува, благодарение на близината на морето и Скадарското Езеро, има умерено-континентална клима, со сушни и топли лета и умерено ладни зими.


 

makfax.com.mk

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close