fbpx
ВестиТоп вести

Застрашувачка наезда од скакулци: Еден рој јади храна за 35.000 луѓе

Еден од масовните роеви бил во должина од 60 и ширина 40 км, а во него се наоѓале околу 150 милиони скакулци на км², што значи дека во рој имало по неколку стотици милиони скакулци.

Над милијарда скакулци моментално се присутни во земјите во Источна Африка, каде што се гостат со посевите на земјоделците. Првиот бран дошол од Етиопија и Сомалија, каде народот се соочил со најлоша наезда на овие инсекти во последните 25 години. Пустинските скакулци сега напаѓаат во Кенија, создавајќи ја најголемата наезда во последните 70 години.

Ги уништуваат земјоделските посеви

Овиеинсектиимаатголемапетит. Гиуништуваатземјоделскитепосеви, ораниците, целотозеленило, намалувајќи го снабдувањето со храна во регионот кој сериозно се соочува со проблемот на глад. „Дури и кравите се прашуваат што се случува?! Пченката, гравот, шеќерната трска, изеле буквално се!“, рекла Нунда Маканда за time, која како фармер поминува саати, обидувајќи се да ги избрка скакулците од својата фарма.

Еден од масовните роеви бил долг 60 и широк 40 км (!), а во него се наоѓале околу 150 милиони скакулци по км, што значи дека ројот броел неколку стотини милиони штетници. Роевите се движат со голема брзина, можат да поминат 150 км оддалеченост во еден ден, а ветерот им одговара.

Можат да изедат онолку храна, колку што е нивната телесна маса, а рој на еден км² во еден ден може да изеде храна, колку што е потребно да се нахранат 35.000 луѓе.

Во Кенија досега скакулците уништиле околу 70 000 хектари земја, а тамошните земјоделци и локалните власти се борат против нив со чад и солзавец, но ефектите се ограничени, затоа што роевите се со големи размери, пишува severe-weather.Потребни се околу 70 милиони долари за прскање со пестициди од воздух што претставува единствен ефикасен начин на борба, а таквиот начин на заштита нема да биде едноставен посебно во Сомалија, каде одделни делови на земјата се изложени на терористички групи.

Причини за зголемување на популацијата на скакулци

Нападите и роевите од скакулци, годинава се толку големи, затоа што се соочуваме со силно позитивен дипол на Индискиот океан, што предизвикува потопли води и температури од источно – афричкиот брег, а со тоа повлажни услови кои им се во прилог на овие штетници.

Кога ќе падне дожд во март и ќе дојде нова вегетација, бројот на скакулци би можел да се зголеми за 500 пати. Нивната бројност би можела да ја намали мартовската суша, а населението е загрижено, затоа што скакулците би можеле да положат јајца и од нив да се развие нова генерација.

Како изгледа наездата од скакулци, погледнете во следното видео: https://www.youtube.com/watch?time_continue=59&v=QlLwl8kvT3E&feature=emb_title

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close