Заврши извозот на млад кромид од велешко Башино Село за Хрватска

(Oвој напис е објавен на: February 24, 2017)

Од велешкото Башино Село за Хрватска тргна последниот од седумте договорни шлепери со млад кромид. Извозот  започна пред една недела, а завршува непосредно пред католичкиот Велигден кога и секоја година е главниот извоз на млад кромид.

kako-da-go-otstranite-mirisot-na-kromid-od-vashata-usta-kafepauza.mk-kafepauza.mk_-595x310

Откупот со шлепери го вршат струмички компании, а во соработка со хрватски „Конзум“ кој потоа го пласира во градовите во Хрватска.
Откупот на млад кромид од велешко Башино Село за Хрватска по цена од 50 денари за килограм, иако е помала цена од ланската која изнесуваше 80 денари за килограм, сепак  се задоволни, велат производителите од ова село.
Како што потенцира  производителот Ѓоре Димов од Башино Село, благата зима и отсуството на дождови влијаело годинава да наберат помали количества млад кромид.
Башино Село со околу 200 куќи и околу  илјада жители се занимава со производство на млад кромид. Кромидот порано се извезуваше и во  Србија, Косово, Бугарија, Албанија,како и дел во Украина и Русија.
Очекуваат да падне цената по католичкиот Велигден, а до правозлавниот да го продадат своето целокупно производство од околу 400 тони.
Share Button