fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Здравје Радово прва млекарница која ќе извезува кашкавал и сирење на европски пазар

Домашната млекарница Здравје Радово има извозна дозвола и ќе биде прва македонска млекарница која ќе извезува сирење и кашкавал на пазарот во Бугарија, односно на европскиот пазар, соопштија денеска оттаму.

Во извозот ќе биде застапен сиот асортиман, а деловниот однос со Бугарија почнува поради нагласената потреба на тој пазар од млечни приоизводи и се надеваме дека извозот ќе се зголемува во следниот период.

„Според нашите очекувања извозот на годишно ниво треба да биде меѓу 80 и 100 тони производи или вкупен извоз од околу 300 илјади евра, стои во соопштението.

Се додава дека Млекара Здравје Радово го развива работењето преку строго почитување на законските прописи и имплементирање и сертифицирање  на светските стандарди за квалитет и безбедност  на производите.

„Наша политика за безбедност и квалитет е ефикасно управување со ресурсите, успешно функционирање и постојано подобрување на Системот за Управување со Квалитет и Безбедност (СУКБ) и Системот за Управување со Безбедноста и Здравјето при Работа (СУБЗР)

Млекара Здравје Радово ги има имплементирано и сертифицирано следниве стандарди ISO 9001 :2015, HACCP, ISO 22000, FSSC 22000, HALAL, велат од Здравје Радово.

Во Македонија извозна дозвола имаат и мекарниците со странски капитал.


 

faktor.mk

Слични написи

Back to top button
Close