fbpx
Вести

Земјите од ЕУ во април имале извоз на храна за 11 милијарди евра

Во април земјите од ЕУ извезуваат храна и земјоделски производи во вкупна вредност од 11 милијарди евра, покажува статистиката на Европската комисија (ЕК), објавена на нејзината интернет страницата. Податоците покажуваат извесно намалување во однос на април 2015-та година – 200 милиони евра, но во однос на 2013-та година и 2014-та година има раст од речиси 1 милијарда евра.

zemjite od eu vo april imale izvoz na hrana za 11 milijardi evra

 

Во исто време и увозот на храна се намалува – до 9,4 милијарди евра, наспроти 10,2 милијарди евра во април 2015-та година. Така балансот е во износ од рекордните малку над 1,5 милијарди евра, проценуваат од ЕК.

Податоците покажуваат дека најголем раст на извозот во парична вредност има кон САД (раст од 119 милиони евра) и Кина (86 милиони евра). Значително се намалува увозот на земјоделски производи од Бразил и САД.

Во последните 12 месеци (од мај 2015-та година до април 2016-та година) извозот на храна и земјоделски производи е во вредност од 129 милијарди евра, што претставува раст од 2,8% во однос на претходниот 12-месечен период. Најголем раст се забележува во однос на САД (со 2,5 милијарди евра, или 14%) и Кина (со 2,4 милијарди евра, или 29 отсто).

Извозот за Русија продолжува да се намалува со 25% или до 5,5 милијарди евра.

Во периодот мај 2015-та година – април 2016-та година увозот на земјоделски производи е 112 милијарди евра. И тука има раст во рамките на 4,7 отсто. Најголем во монетарна смисла е растот на стоки од САД со 970 милиони евра или 9 отсто. Со 15% се зголемува увозот на храна од Украина. Во исто време, увозот на храна и земјоделски производи од Бразил се намалува со 1,3 милијарди евра (9,5%).

Во последните 12 месеци најзначително зголемување се забележува во однос на увозот на тропско овошје, ореви и зачини. Во анализираниот период во ЕУ се увезени стоки од оваа група во вредност од над 13,3 милијарди евра.

Во исто време ЕК забележува зголемување на извозот на европски вина, алкохолни производи како целина, како и на живи животни, соја, јајца и млеко. Во периодот од март 2015-та година – април 2016-та година земјите од заедницата имале извоз на вино во вредност од 10,4 милијарди евра и алкохолни пијалоци за 10,3 милијарди евра.

Намалување сепак има во однос на извозот на пченица и млеко во прав.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close