fbpx
Вести

Земјоделците бараат повисоки откупни цени

Да се зголемат откупните цени на тутунот по класи и  да се укинат трета и четврта класа кои се најслабо платени. Вака бараат тутунарите од струмичко радовишкиот регион каде деновиве почна откупот на производството од годинашнава реколта.

Според нив  килограм тутун не смее да се откупува пoд  300 денари  оти со сегашните цени  производството станува неисплатливо.

Тутунарите тврдат дека годинава значително е намален родот не само поради лошите временски услови туку и поради фактот што нема кој да го работи  оти цените со години се исти. Колку за илустрација во струмичко своевремено се садеше тутун на околу 5.000 хектари, годинава тој е намален на само 1.500.

Во струмичко – радовишкиот регион тутун откупуваат четири  компании и очекуваат да бидат откупени 20 отсто помалку за разлика од лани.  Просечната цена на првите количини што се откупија изнесува околу 200 денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close