fbpx
Вести

Земјоделците да ги пријавуваат штетите од поплавените посеви

poplavi

Дождот ги поплави нивите на земјоделците, но досега никој од нив не пријавил штети. Од Министерството за земјоделство сепак велат дека имаат сознанија за погодени земјоделски посеви, и затоа апелираат производтелите да се пријават. Нивните комисии се веќе на терен и вршат увид.

Димковски вели дека има поплавени земјоделски посеви во Кичево, Тетово и Македонски Брод.

Претежно станува збор за ниви со житни култури како и овошни насади кои се близу до реките, но нема некое значително оштетување на земјоделските површини.

Со години земјоделците се први на удар на временските непогоди. Сепак интересот кај нив  да ги осигураат посевите е многу слаб иако осигурителните компании велат дека бројот на полиси секоја година расте.

Владата субвенционира 60 отсто од вкупната сума на полисата. Но и покрај тоа, најголем дел од производителите чекаат на обештетувањето од државата.


 

сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close