fbpx
Вести

Земјоделците ги добиваат субвенциите

zemjodelci

Земјоделците ги добиваат субвенциите. Исплатена е заостанатата финансиска поддршка за 2015 година во износ од скоро еден милион евра. Во тек е плаќањето на парите и за 2016-та кои треба да легнат на сметките на земјоделците најдоцна до крајот на јуни.

Со првата исплата се опфатени поледелците од Пелагониско, оризопроизводителите од Кочанско, градинарите од Струмичко и лозарите од Тиквешко.

На своите сметки земјоделците ги чекаат и парите за 2016-та година.

Постапката е почната и за субвенциите први на ред се сточарите за предаденото млеко во млекарниците за неколку фази како и оризопроизводителите за предадената арпа кај откупувачите од реколта во 2015-та, кои стасуваат за исплата во 2016-та година.

За исплата се подготвени и налозите за житните култури, градинарстовто и производството на ориз од реколта во 2016-та.

Законскиот рок за целосна исплата на субвенциите за сите категории на производители е до 30-ти јуни 2017-та година.


 

мртв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close