fbpx
Вести

Земјоделците и денес останаа без пари

subvencii (2)

Причина за доцнењето прво беа парламентарните избори, потоа се чекаше мислењето на Антикорупционерите, па новиот директор на Платежната агенција да го положи англискиот јазик и да го депонира својот потпис во Централниот регистар. По безброј ветувања и пробиени рокови цели 6 месеци, сметките на земјоделците и денес останаа празни. Тие повторно останаа без своите субвенции.

Производителите ќе почекаат до крајот на неделава, и ако парите дотогаш не стигнат, од понеделник се можни блокади на подрачните единици на Министерството за земјоделство.

Револтот е дотолку поголем бидејќи од Министерството за земјоделство уште пред десетина дена им рекле дека пари има и се чека само на технички формалности. Но, сега не веруваат дека им ја кажувале вистината.

Се жалат и од Здружението за органско производство, без субвенции, велат, нивниот труд може да се доведе во прашање.

Телма денес телефонски контактираше со новиот директор на Платежната Агенција, Игор Златков, кој рече дека не може да зборува бидејќи е зафатен со примопредавање на функцијата во институцијата каде што претходно работеше. Свесен е за проблемите на земјоделците, но замолува за уште малку трпение.

Зборувавме и со Министерството за финансии, од каде ни изјавија само дека немаат информација од трезорот дали и кога ќе почне исплатата на субвенциите.

Земјоделците уште не ги добиле ниту сите пари за 2015 година, за која државата им должи околу 13 милиони евра. Субвенциите за лани, пак, само делумно се исплатени, а крајниот рок за нивно подмирување е 30 јуни оваа година.


 

телма

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close