fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците ја одложуваат пролетната сеидба поради состојбата со Корона вирусот

Земјоделските аптеки во Тетово и тетовско ги имаат потребните репроматеријали но и семенски материјал за пролетната сеидба.

 Велат дека со почетокот на кризата со Корона вирусот веднаш се снабдиле со артикли, стравувајќи дека ако се зголеми пандемијата ќе нема од каде да набават.

Сулејман Калишта сопственик на една од земјоделските аптеки во Тетово, вели дека претходно тој стравувал и затоа набавил роба порано, но сега истата не може да ја продаде затоа што земјоделците стравуваат да ги засадуваат нивите. Исплашени од целата ситуација и големата неизвеснот што ќе биде утре тие воопшто не сакаат да вложуваат пари, па дури ни за дејноста земјоделие.
 
-Па луѓето се уплашени голем дел од луѓето не знаат што прават имаат нарачано семенски материјал арпаџик на пример и се плашат да го земат, а сега е време за садење и не го прават тоа. Никнат е компирот и арпаџикот и има овошни садници што не се продаваат, ние имаме големи проблеми. Главна работа е што луѓето се уплашни не знаат утре што може да се случи. Но ние сме снабдени со се, ние и претходно се снабдивме, сега зависи од земјоделците дали ќе ја работат земјата или нема да ја работат, рече Сулејман Калишта. 

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието подрачно одделение Тетово, велат дека земјоделците треба да ги засадуваат своите ниви затоа што со земјоделието мора да се продолжи, односно мора на луѓето да им се обезбедува храна. Засега велат од таму нема никакви проблеми нути со основните продукти потребни за населението.

-Ние колки имаме информации не е проблем за обезбедување на жито за мелничките организации и секој земјоделец треба сам да испланира што да посее и што може да продаде. Нема некоја препорака што да се сее и нема информации дека треба некоја култура повеќе да се засади. Засега си функционира се како што треба , сепак пак останува на самите земјоделци да се организираат, рече Петре Петрески раководител на Агенцијата за поттик и развој на земјоделието. 

Поради состојбата со Корона вирусот и од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието ги сведуваат контактите со земјоделците на минимум. За советување и потребните информации земјоделците можат да се обратат преку телефонски линии и електронските пошти на Агенцијата за поттик и развој на земјоделието.  
 
-Самата ситуација наведе да бидат ограничени контактите помеѓу нас вработените од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието и земјоделците. Затоа ние направивме малку промена во тој поглед во однос на давање информации и совети. Им кажавме на земјоделците да ни праќаат прашања преку електронска пошта и телефонски јавувања. Знаеме дека земјоделството не може да престане, во какво било време мора да се произведува храна. Значи тука конктактите се сведени на минимум и кога мора некогаш излегуваме на терен. Ние како агенција имаме објавено јавен повик за Ипард програма каде даваме подршка во однос на подготовка на документација, но и тука ги информираме барателите преку телефон да се информираат кој документи треба да ги подготват и да најават кога се подготвени да ги достават документите. Во однос на пролетната сеидба сепак ги советуваме земјоделците со оние фирми со кои соработуваат за набавка на семенски материјали и репроматеријали да контактираат и да прашуваат дали имаат обезбедено средства, па потоа да купат сепак земјоделието не треба да трпи, мора да има храна за населението, вели Петрески. 

Корона вирусот додаваат од Агенцијата, најверојатно ќе го пролонгираат рокот за доставување на барање за објавениот повик за субвенционирање на растителното и стиочарското стопанство кој  моментално трае до 14 април.

Зоран Димовски

Слични написи

Back to top button
Close