fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Исплатени субвенциите за произведено и предадено млеко

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 5.698 лица исплати 98.042.614,00 денари за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски информира дека корисници на оваа мерка се сите фармери кои произвеле и предале млеко од сопствено производство во период од октомври до декември 2018 година.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој, и во наредниот период ќе продолжи со редовната исплата на субвенциите за сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на финансиска поддршка.

Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно, пред почеток на новата реколта. Оваа Влада, од почеток на мандат до денеска, исплати финансиска поддршка од 393,6 милиони евра за развој на агро – секторот, информираат од Агенцијата.

Слични написи

Back to top button
Close