fbpx
Вести

Земјоделците останаа со куси ракави, наместо 50 ќе добијат само 30 отсто поддршка за поевтин енергенс

Зелената нафта и годинава се најде во Предлог – буџетот за 2019 година како една од мерките за силна поддршка на земјоделството. Меѓутоа, земјоделците се прашуваат зошто и покрај тоа што, нејзиното воведување доцни една година поддршката е намалена од 50 на 30 отсто

Дали конечно земјоделците ќе дојдат до долгоочекуваната „зелена нафта#, која годинава повторно е ставена во предлог-буџетот за 2019 година како една од мерките за поддршка на земјоделството. Покрај тоа што зелената нафта земјоделците требаше веќе да ја користат уште во 2018 година интересен е фактот што во 2018 година државната поддршката за нејзина набавка изнесуваше 50 отсто, а во 2019 таа поддршка е намалена на 30 отсто.
Според земјоделците, цената на дизелот во меѓувреме се зголеми, што дури и со поевтинувањето со зелената нафта, таа ќе дојде до нивото од пред година и половина. Затоа тие апелираа пред почетокот на есенската сеидба да се преземат мерки и да ја добијат што побргу.
Од Министерството за земјоделство постојано го повторуваат ставот дека законските измени за зелената нафта се веќе донесени, а парите се предвидени во буџетот на Платежната агенција, така што мерката очекуваат да почне да се применува од почетокот на наредната година. Во моментов се тестира модел кој ќе се применува на долг рок, со цел да се оди преку еден вид на ваучери и да нема директно префрлање на пари на сметките на земјоделците.
Земјоделците се прашуваат зошто и покрај тоа што, како што велат од ресорното министерство поради долгите административни процедури нејзиното воведување доцни една година, поддршката е намалена од 50 на 30 отсто.
Имено согласно измените во Законот за земјоделство и рурален развој со кои требаше да се воведе „зелената нафта” , државата требаше да покрива 50 отсто од трошоците за гориво во земјоделството, а секој регистриран земјоделец (земјоделско стопанство) требаше да добие платежна картичка за купување „зелена нафта”.
Зелената нафта која македонските земјоделци со нетрпение ја очекуваат, одамна се применува во европските земји и во земјите од соседството, како Србија и Бугарија. Користењето на зелената нафта во голема мера ќе придонесе за намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста на македонските производи. Ова е една од главните причини поради која тие одамна бараат воведување на земјоделска нафта, која е дури за 50 отсто поевтина од онаа што се користи за возилата.
– Зелена нафта е мерка за поттикнување на земјоделството која се применува во многу земји во Европа и во соседството. Ќе биде големо олеснување ако се воведе, без разлика дали ќе се доделува според култури, според површини или за поединечни операции. Така само за житаркиите во Македонија ила 5-6 операции, вели претседателот на Агробизнис комората при ССК, Огнен Оровчанец.
Според него, ова ќе придонесе за поголема конкурентност на македонското производство кое ја губи трката со европските земји каде освен зелена нафта се даваат разни субвенции и стимулации. Така 67 отсто од буџетот на Европа оди за субвенции за земјоделство, водостопанство и екологија.


 

vecer

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close