Земјоделците револтирани од откупната цена на пченицата

(Oвој напис е објавен на: February 27, 2017)

Мелничарите донесоa одлука пченицата да се откупува за 8 денари за килограм. Ова ги револтираше земјоделците кои најавија блокада на сите патишта во државава, ако мелничарите не ја откупуваат пченицата по 12 денари. Потпретседателот на Федерацијата на фармери Мемет Синани вели дека житото нема да го даваат за оваа цена.

zemjodelcite revoltirani od otkupnata cena na pchenicata

 

„Цената на лебот мора да оди соодветно со цената на пченицата. Еден килограм леб ако го претворите во килограм брашно, ќе добиете 1,370 грама леб. Што значи дека цената на пченицата која ја нудат мелничарите е апсурдна. Не доаѓа во предвид. Апелирам до сите земјоделци ако не постигнеме минимум цена од 12 денари за килограм, да станеме и да ги блокираме сите локални и магистрални патни правци. Вооедно и сите гранични премини. Еднаш засекогаш да се реши откупот на цената на пченицата“, рече Мемет Синани – заменик претседател на Федерација на фармери.

Синани вели дека не гледа зошто мелничарите не даваат 11 денари за домашната пченица кога и за да увезат српска пченица, заедно со сите давачки треба да платат 11 денари. Дел од мелничко пекарската фела велат дека тензијата може да ја смири Владата. Огнен Оровчанец од Сојузот на стопански комори вели дека Владата треба во време на жетва да интервенира и да откупи околу 30 до 50 илјади тони за стокови резерви, по што потоа ќе може житото да им го понуди на откуп на домашните мелници по цена од 10 до 11 денари за килограм.

„Владата да откупи 30 до 50 илјади тони, па потоа да го нуди на мелниците по цена од 10 до 11 денари“, изјави Огнен Оровчанец, сојуз на стопански комори.

Мленичарите бараат Владата да ја врати Уредбата со која државата повторно ќе им даде еден денар субвенција за откупен килограм домашна пченица. Од Министерството за земјоделство засега немаме одговор дали ќе го прифатат или одбијат нивното барање. Неофицијално, мерката за едниот денар кој им беше ветен на мелничарите е укината, затоа што Владата утврдила дека е противзаконска.