fbpx
ВестиТоп вести

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СО НЕТРПЕНИЕ ЈА ЧЕКАAТ ЗЕЛЕНАТА НАФТА, НО КОЈ СЕ ЌЕ ЈА ДОБИЕ?

Земјоделците од струмичко со нетрпение ја чекаат зелената нафта, но не знаат кој се ќе ја добие. Дали ќе има субвенционирана нафта за сите што се занимаваат со земјоделство или пак само оние кои добиле субвенции од минатата година. Сите се сложни дека ќе им помогне во производството . Од Платежна информираа дека во земјава зелена нафта ќе добиваат 55 илјади земјоделци лани.

Ристов од струмичко Василево ја балираше сламата од ожнеаната пченица. Обработува околу два хектари ниви претежно со житни и фуражни растенија оти има стока. Слушнал за зелена нафта но не е сигурен дали ќе добие бидејки работи претежно ниви под наем а и не се пријавувал за субвенции за жито и пченка ниту лани ниту годинава.

Ристов тврди дека месечно за летната сезона троши околу 30 илјади денари за гориво и смета дека зелената нафта ќе им биде добредојдена.Со Ристов се сложуваат и други земјоделци од струмичко и со нетрпение очекуваат да ги добијат перосналните картички.

Од земјоделското здружение Агросојуз сметаат дека министерството треба да направи поопсежна анализа кој се може да добие зелена нафта која ќе биде добредојдена за земјоделците.

Државата на тендер го избра Макептрол кој во рок од 60 дена треба да ги изготви картичките за зелена нафта за земјоделците. Списокот кој се ќе добие е врз основа на пријавените за субвенции за минатата година.

извор: 24.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close