Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Земјоделците од Егри се пожалија пред Коњановски дека се уште не добиле обесштетување за поплавите од 2019 и 2021
Жителите на селото, посебно ги потенцираа последиците кои ги чувствуваат од штетите настанати од градот и поплавата на земјоделските култури, кои се случија во 2019 и 2021 година, а за кои се уште не добиле обесштетување.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на ЈКП Водовод, Пеце Милевски, денес го посетија селото Егри, каде имаа средба со месното население.
Жителите на селото, посебно ги потенцираа последиците кои ги чувствуваат од штетите настанати од градот и поплавата на земјоделските култури, кои се случија во 2019 и 2021 година, а за кои се уште не добиле обесштетување.
На средбата, се разговараше и за повеќе инфраструктурни и комунални проблеми со кои се соочува селото, како и за можностите за нивно решавање.