Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Земјоделците од Логоварди се согласија на консолидација на земјоделските парцели
388 сопственици на земјоделско земјиште во Логоварди со големо мнозинство го изгласаа планот за консолидација на земјоделското земјиште
Уште еден резултат со кој земјоделците добиваат подобри услови за производство!
Вкупно 388 сопственици на земјоделско земјиште во Логоварди денес со големо мнозинство го изгласаа планот за консолидација и се запишаа на листата рурални заедници со кои МЗШВ успешно работи за подобра иднина заедно со Егри, Конче, Трн и Дабјани.
Да се множат успеси и за следните подрачја во кои се работи консолидација, објави министерот Љупчо Николовски.