fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Земјоделец од Струга преку ИПАРД доби современа механизација во вредност од над 1,8 милиони денари

Заменик министерот за земјоделство Албрим Хоџа отиде да го посети Фисник од селото Горнo Татеши

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, ја посети фармата на еден млад земјоделец од селото Горнo Татеши, Струга, кој претставува пример за посветеност и визија во развојот на земјоделството.

Фисник, моментално обработува над 30 хектари земјоделско земјиште, каде што покрај различни култури, има подигнато и насад со ореви.

Преку Министерството за земјоделство, тој доби на користење 3 хектари земјоделско земјиште, а годинава преку програмите ИПАРД искористи современа механизација во вредност од над 1,8 милиони денари.

„Овој земјоделец докажува дека земјоделството не е само традиција, туку и реална можност за развој и самовработување на младите кои одлучуваат да инвестираат во својата земја“, истакна заменик министерот Хоџа.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close