fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделскиот инспекторат го надгледува откупот на пиперката

Откупните цени мора да се почитуваат согласно првичниот договор на стартот на откупната сезона.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев заедно со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски оствари работна средба со преработувачите на пиперка.

На средбата, како што информираат од Државниот инспекторат за земјоделство, се дискутирало за текот на откупот на пиперката, при што било потврдено дека откупните цени мора да се почитуваат согласно првичниот договор на стартот на откупната сезона. Инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство секојдневно се на терен и ја надгледуваат состојбата и текот на откупот.

– Напорно работиме за да бидат задоволни македонските земјоделци. Македонија заслужува подобро и поквалитетно земјоделство, велат во заедничка изјава до медиумите Трипуновски и Анакиев, се вели во соопштението од Државниот инспелторат за земјоделство.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close