fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделското земјиште наместо кај вистинските земјоделци оди во рацете на крупниот капитал

Реакција на Левица – ЛО Богданци.

Земјоделско земјиште во с.Стојаково со големина од повеќе од 17 хектари, е пред свршен чин и давање под концесија на ВВ ТИКВЕШ.

Оваа катастарска парцела со број 2861/1 под закрила на фамозните огласи и повици од страна на МЗШВ, преку ноќ беше доделена како концесија на гореспоменатата винарија.

Оваа парцела е од витално значење за сточарството во Стојаково. Гореспоменатата парцела со децении се користи како пасиште.

Со оваа одлука и давање на концесија на ова земјиште, сточарите се приморани да го продадат својот сточен фонд, а сточарството да стане историја.

Апелираме до МЗШВ, министерот Љупчо Николовски и ВВ ТИКВЕШ да изнајдат начин ова земјиште да се остави како пасиште, а со тоа да продолжи да се развива сточарството во нашиот регион.https://antropol.mk/2022/02/07/zemjodelskoto-zemjishte-namesto-kajzemjodelcite-odi-kaj-kapitalot/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close