ЗЕЗ „Зелена берза“ Битола бара продолжување на рокот за субвенции
Согледувајќи ја ново настанатата ситуација во нашата држава како последица од ширењето на Корона вирусот и како тоа се одразува врз секојдневниот живот и сите активности на граѓаните, Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ од Битола апелира да се пролонгира рокот за доставување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година.
На крајот на месецот истекува рокот за поднесување поднесување на барања за субвенции за Програмата за земјоделство 2020 година.
И покрај тоа што има можност земјоделците да поднесат барање по електронски пат, сепак голем е бројот на оние што го користат хартиениот метод и сакаат да ги поднесат документите директно во канцелариите на МЗШВ.
Согледувајќи ја ново настанатата ситуација во нашата држава како последица од ширењето на Корона вирусот и како тоа се одразува врз секојдневниот живот и сите активности на граѓаните, Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ од Битола апелира да се пролонгира рокот за доставување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година.
Во таа насока упати барање до Министерот за Земјоделство Трајан Димковски и до директорот на АФПЗРР Николче Бабовски да се продолжи рокот за достава на барања за субвенции.
-Ова барање го поднесуваме по претходни реакции, не само на наши членови во Здружението туку и од други земјоделци од Пелагонискиот регион и пошироко. Со поставениот нов режим на работа во институциите, како превентива за заштита од Корона вирусот и услови поврзани со рок кој земјоделците мора да го запазат за да може да користат субвенции, со оваа динамика на работење, постои сомнеж дека нема да може сите земјоделци да го запазат предвидениот рок до 31 јули 2020година. И покрај сите напори од институциите да се почитуваат препораките за безбедност на здравјето особено со носење на маски и држење дистанца, сепак се прават гужви и постои загриженост кај земјоделците. Со оваа динамика на работа со оглед на тоа што голем е бројот на земјоделци што сакаат да поднесат барање за субвенции, земјоделците се загрижени дека нема да може да го запазат тој рок. Зелена берза има сознанија и од страна на вработените во институциите дека се работи интензивно, но со оглед на големиот број на земјоделци кој се очекува нема да може да се стигне да се пријават сите во поставениот рок. Со цел да им помогнеме на земјоделците кои и во кризни времиња се на првата борбена линија во производство на храна, апелираме рокот за поднесување на барања за субвенции по Програмата за директни плаќања 2020год. да биде продолжен, се вели во барањето од ЗЕЗ „Зелена берза“ Битола.
Во овој период се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади. Исто така до крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица.