fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Жетварите од старт се зијан 1 и пол денар на килограм пченица

Игор Мирчески-Производствените трошоци за оваа реколта се зголемени за 35 проценти

Неприфатлива е цаната од 10,5 денари за килограм меркантилна пченица, децидни се производителите на жито во Пелагонија. Според нив за оваа реколта производствените трошоци се повисоки за 35 проценти, па ниската цена го прави нерентабилно производството.

-Заради крајно неповолната клима на територијата на целата држава, со сушен период без значајни врнежи од дожд од март досега, приносите по единица површина кај житните култури се преполовени. Имајќи предвид дека производствените трошоци се зголемени во оваа реколта во просек од 35 проценти, како може да биде рентабилно нашето производство со мементална цена од 10,5 денари по килограм. Ако земјоделците примениле полна агротехника во своето производство со вакви приноси кои се преполовени, а тоа се гледа на терен бидејќи жетвата ни е во полн ек, можам слободно да кажам дека работиме  со загуба по народната – џабе работи, џабе не седи. Ова може само во Македонија да го има, 12 денари да те чини, а да ја продадеш за 10,5 денари, реагира  Игор Мирчески, координатор на новофомираните земјоделски здруженија во Пелагонија.

Пред два дена на почетокот на жетвата во ЗК Пелагонија министерот за земјоделие Хоџа рече дека очекува просечен принос од околу 3.200 до 3.500 кг по хектар пченица.

-Во климатски услови какви што ние ги имаме, а особено во Пелагонија, нашата најголема житница, житните култури одлично успеваат, а за тоа  зборуваат податоците од подрачната единица на МЗШВ според кои обработливата површина под пченица во 2021 година изнесува околу 79 илјади хектари, што е зголемување за 7 проценти во споредба со 2020 година. Оваа година очекуваме просечен принос од околу 3.200 до 3.500 кг по хектар, вкупно 260.000 тони пченица. МЗШВ го поддржува производството на пченица која е стратешки производ на нашата држава. Преку Програмата  за финансиска поддршка во земјоделството со 12 илјади денари по хектар засена пченица со сертифициран семенски материјал, рече министерот Хоџа, посочувајќи дека пченицата и другите житни култури се поекономични и рентабилни доколку се произведуваат на поголеми површини.

А.Б

Слични написи

Back to top button
Close