fbpx
Агро бизнисБез категорија

Жител на струмичко Дабиле почина откако му се превртел тракторот

Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.

На 04.09.2023 во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел. Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close