Зимата поволна за земјоделството
Ќе има ли поблага зима годинава. Засега нема најава за поларни температури како минатата година кои можат да направат штети на земјоделските култури. Утринските од минус 6 до минус 7 степени нема да им наштетат на посевите…
Температурите на воздухот се натпросечни за овој период од годината што им годи на посевите заради задоцнетата сеидба и подготовката на културите за презимување.
Вакви температури може да им помогнат на посевите полесно да формираат репродуктивните органи без што нема да има семенски материјал и високи и квалитетни принос.
Негативните утрински температури со вредности од околу -6 или -7 степени се во границите на издржливост на културите и неможе да предизвикаат штети.
Влажната есен со надпросечни количества на врнежи, овозможија да се зголеми влагата во почвата особено во подлабоките слоеви како резерва и гаранција за успешно презимување на посевите, овошките и на лозата.
Отсуството на снежна покривка не треба воопшто да ги загрижува земјоделските производители, бидејќи со ваквите временски и температурни услови земјоделските култури не се загрозени.