fbpx
Вести

Зимската зелка од Валандово на странски пазари

Земјоделските производители од Валандовско во текот на целата зима, секојдневно, берат зимска зелка и ја предаваат на откупниот пункт на „Анска Река“, на излезот од Валандово, кон Скопје. Бербата започнува од ноември и трае се до април и за овој период од годината е карактеристична и успева само во тој крај, поради благата зима. Во Струмичко, на пример, раноградинарите не ја одгледуваат оваа зелка бидејќи климатските услови не се погодни.

zimskata zelka od valandovo na stranski pazari

 

Од десет до дваесет производители на зимска зелка секој ден се присутни на откупниот пункт, каде што ја предаваат зелката, спакувана во најлонски вреќи, натоварена на тракторските приколки. Откупната цена за килограм изнесува од 15 до 16 денари и производителите годинава се задоволни, за разлика од другите години, кога цената знаела да се спушти и на осум денари за килограм.

Некако оваа година цената се задржа на ниво што им одговара на производителите, иако имаме големи трошоци при производството. Произведувам секоја година околу 20 тони, а има производители што произведуваат и по 30-40 тони зимска зелка. Има откупувачи и од Струмичко, тука доаѓаат за да купат вели производител од селото Грчиште.

292-2w55oilw5olt2qcs6tgkcg

Најголем дел производители се од околните села: Удово, Балинци, Марвинци, Грчиште, Калково, Пирава и Јосифово. Производството на зелка, во овие села, тежи неколку милиони тони, тврдат производителите. Зимската зелка се бара за извоз во Полска, Чешка, Белорусија, Русија, Србија и во други држави.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close