вести

Жито Полог ја зголеми активноста, но како тоа се одрази на добивката?

zitopolog

Жито Полог АД Тетово во првиот квартал од 2017-та бележи зголемени трговски активности, зголемена е набавката на трговски стоки и зголемени се трошоците за суровини и материјали.

Според финансискиот неконсолидиран извештај објавен на Македонска Берза, Жито Полог остварил и поголеми приходи во првите три месеци од годинава кои изнесуваат 94.467.000 денари, што е подобар резултат во однос на истиот период лани кога оперативните приходи изнесувале 71.286.000 денари.

Забележан е и приход остварен преку продажба во странство што изнесува 1.351.000 денари и извозните активности може да му донесат на Жито Полог поголем обрт во текот на годината.

Жито Полог успеал и да ги „расчисти“ залихите кои во претходната година за истиов период изнесувале 12.396.000 денари во готовите производи и на недовршено производство на крајот на годината.

Сепак, поради зголемените оперативни расходи во висина од 96.535.000 денари крајниот резултат е во мала негатива. Па така овој квартал Жито Полог го завршува со загуба од 2.532.000 денари. Моменталната вредност на акциите на Жито Полог на Македонска Берза изнесува 2.000 денари, но во последните три години не се исплатени дивиденди.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close