Златко вели: „Кој е будала да произведува за 10ден/кг“
Земјоделство дише на шкрги - Вие коментирате
„Кој е будала да произведува за 10ден/кг“, и „Со овие цени на нафта и ѓубрива што ги има ќе сањате за жито и за сончоглед“, се само дел од коментарите по Саботната анализа на РСЕ за тоа дека „пченица произведуваме недоволно, а сончоглед колку за грицкање“. Читателите на РСЕ коментирале и за војната во Украина.
Ако судиме според вашите коментари на нашата ФБ страница, Саботната анализа на РСЕ на македонски јазик за тоа дека Македонија секоја година оди во минус од 400 милиони евра за увоз на храна и дека пченица „произведуваме недоволно“, а „сончоглед колку за грицкање“, лаичкиот впечаток е дека нашето земјоделство дише на шкрги, што би се рекло, и дека вината ја гледате во политиката и политичарите и ниските откупни цени и поскапувањето на нафтата и другите енергенси поради војната во Украина.
Златко Вурмески вели: „Кој е будала да произведува за 10ден/кг“, а Орхан Ахмет констатира: „Со овие цени на нафта и ѓубрива што ги има ќе сањате за жито и за сончоглед, ајде сега нека ве хранат мобилните земјоделци… машини стари и по 50 години, Бог на помош нека ни е…“ Ване Колев, пак, смета: „Што е битно дека Македонија оди во минус, битно е плусот што поединци го прават од увозот“. Лидија Пренџова, меѓутоа, со критика за земјоделците
Повеќе на линкот https://www.slobodnaevropa.mk/