
ЗНАМ (засега) не ја прифаќа понудата земјоделство, поради приватни причини ќе си замине актуелниот министер Цветан Трипуновски, објави Фокус
Во таквата констелација на односи понудата што наводно Мицкоски ќе му ја дал на Максим Димитриевски е, наместо Правда да предложи кадар во земјоделство од каде, велат информациите, поради приватни причини ќе си замине актуелниот министер Цветан Трипуновски.
Се уште нема дефинитивен договор меѓу партнерите во власта околу реконструкцијата на Владата која се интензивира овие денови. ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не си пружиле рака по синоќешните интезивни разговори во седиштето на партијата на Максим Димитриевски. За викендов е најавен уште еден круг разговори, по што, најверојатно, на почетокот од идната недела процесот би требало да се заокружи како формален предлог што премиерот Христијан Мицкоски би го доставил до законодавниот дом. Откако претходно ќе биде поминат во партиските органи на коалициските партнери во власта, објави Фокус https://fokus.mk/znam-zasega-ne-prifaka-ja-prifaka-ponudata-zemjodelstvo-namesto-pravda-vikendov-ushte-eden-krug-razgovori/.
“Разговорите се во тек, се уште е рано да се коментира за дефинитивна распределба на ресори, а работите се менуваат на дневна основа“, вели за „Фокус“ извор запознаен со текот на преговорите. Како еден вид сублимат по неколкучасовните разговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. „Фокус“ веќе пишуваше дека Мицкоски и нејблиските соработници во седиштето на ЗНАМ пристигнал со начелен договор в џеб за идниот изглед на Владата, кога станува збор за поделбата по ресори. Сознанијата што пристигнуваа од неофицијалните брифинзи со голема доза на веројатност покажуваа дека ВМРО-ДПМНЕ ги добива со сигурност Здравство и Социјална работа и демографија, како и Европски интеграции, а ВРЕДИ во замена ги зема Правда, Култура, Спорт и Односи меѓу заедниците. Иако, за ресорот Правда, се уште не биле дефинитивно расчистени дилемите дали да го земе најголемата владејачка партија
Во таквата констелација на односи понудата што наводно Мицкоски ќе му ја дал на Максим Димитриевски е, наместо Правда да предложи кадар во земјоделство од каде, велат информациите, поради приватни причини ќе си замине актуелниот министер Цветан Трипуновски. Од ЗНАМ, како што се дознава, побарале да се направи евалуација за работата на сите министри, а не само за одредени чии имиња веќе подолго време се вртат во јавноста дека ќе бидат сменети, како она на Игор Филков во Правда, а за кого во неговата матична кампања се на мислење дека се води негативна кампања и дека нивото на неговата успешност во раководењето е поголемо од тоа што се претставува.
Освен овие рокади, вицепремиерското место за добро владеење што се испразни по оставката на Арбен Фетаи преминува во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, а таму дополнително останува и вицепремиерското за политички систем што го држи Љупчо Димовски,, како и министерското без ресор што го има Шабан Салиу, кој сигурно ќе биде заменет откако влезе во процесот за пожарот во „Пулс“ во Кочани, како обвинет.
Од досега познатите информации, за кои „Фокус“ пишуваше во неколку наврати, освен Фатмир Лимани, Арбен Фетаи и, најверојатно Игор Филков, од Илинденска број 2 си одат Борко Ристевски, Зоран Љутков и речиси извесно Азир Алиу, додека Беким Сали се очекува да ротира и да преземе друг ресор наместо ЕУ интеграции. Енигма е дали Иван Стоиљковиќ ќе добие нова понуда наместо Министерството за односи меѓу заедниците или и нему Мицкоски дефитивно ќе му се заблагодари за соработката. Не се исклучува можноста во идната реконструирана Влада на Христијан Мицкоски свое место да најде и Демократската партија на Турците.




