fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ЗОШТО ТОЛКУ ПОСКАПЕ НАШАТА ХРАНА од нива?, анализа на „Пари“

Разликата меѓу цените што влегуваат и оние што излегуваат од земјоделскиот сектор е огромна и оваа појава трае веќе подолг период

Вложувањата и трошоците на земјоделците во декември 2024 година во однос на истиот месец во 2023 година се зголемиле за 2,4 насто, а истовремено цените на откупеното или продадено земјоделско производство се зголемиле дури за 20,3 насто, покажуваат податоците од Државниoт завод за статистика, објави pari.com.mk

ЗЕЛЕНЧУКОТ СО ГОДИШЕН РАСТ НА ЦЕНАТА ОД 64 НАСТО

Податоците од декември покажуваат огромен годишен раст на цените на речиси сите земјоделски производи. Единствено, намалување на цените од страна на земјоделците за 7,5 насто има кај житата и оризот.

Растот на цените кај растителното производство е 23,3 насто, при што најмногу се зголемиле откупните цени на зеленчукот, за дури 64 насто. Потоа е растот на цените на индустриските растенија за 15,3 насто, на вината за 15,1 насто, на компирот за 6,1 насто, на добиточните растенија за 6 насто, и на овошјето и грозјето за 5,3 насто.

Растот на цените кај добиточното производство е 11,9 насто.

Промена на цените во декември 2024 во однос на декември 2023 година

ПОСКАПЕЛЕ ЗАШТИТНИТЕ СРЕДСТВА, ПОЕВТИНИЛО СЕМЕТО

Во однос на влезните трошоци кај земјоделците зголемувања има, но не вакви. Трошоците во земјоделството ги опфаќаат средствата, услугите и инвестициите што земјоделските производители тековно ги вложиле за непречено одвивање на земјоделското производство. Така, статистичарите анализираат тековно потрошени средства за да се реализира земјоделското производство и тука има раст од 2,2 насто во декември лани во однос на декември преклани. За волја на вистината, декември не е месец во кој се сади, но споредбите покажуваат што се случувало во изминатата сезона во однос на претходната, а ги навестуваат идните движења на цените.

За да се произведе нешто од нива, пораст на трошоци имало кај средствата за заштита на растенија за 1,6 насто, како и кај енергија, горива и мазива за 1,2 насто. Но, за една година имало намалување на цената на семињата за 7,7 насто, а намалување за 7,8 насто имало и кај минералните ѓубрива.

Статистичарите евидентирале значителен скок кај ветеринарните услуги, за дури 18,3 насто. Раст имало и кај добиточна храна за 5,1 насто.

 

Целата нализа на pari.com.mk

Слични написи

Back to top button
Close