fbpx
ВестиВкусот на традицијатаТоп вести

Зошто треба да се јадат, а не да се фрлат праските?

 

Вкусните и многу популарни праски потекнуваат од Кина. Од таму се распространиле низ целиот свет преку древниот пат на свилата.

Технички, се работи за плод со јатка, кој има слични карактеристики како другите членови на родот prunus, како што се: сливите, нектарините, бадемите и модрите сливи.

 

Постојат голем број различни сорти низ целиот свет, кои, во зависност на земјата од која потекнуваат, се разликуваат според бојата, големината и карактеристиките на растење.

 

Вообичаено, праската раѓа голем број плодови, со речиси еднаква големина, во периодот помеѓу мај и септември. Плодовите имаат големина на мало јаболко, со дијаметар од 7 до 10 сантиметри и тежина од приближно 130 грама. Имаат влакнеста површина, со вдлабнатини по целата должина на плодот, од дршката, до спротивниот крај. Во зависност од сортата, семката може да е разлабавена или пак цврсто прицврстена за месото.

 

Неколку причини зошто е добро да уживате во нив

  1. Праските се одлична храна доколку слабеете или посакувате да симнете некој килограм. Со консумирањето на ова овошје ќе бидете сити и нема да посегнувате по повеќе храна. Една праска содржи од 30 до 50 калории и нула маснотии.
  2. Во праските преовладуваат витамините А и Ц кои се добри за вашата кожа. Не заборавајте да си понесете неколку на плажа и вашата кожа ќе добие одличен тен и ќе остане здрава.
  3. Имаат одличен ефект врз здравјето на косата. Со јадењето на праските ќе добиете погуста и поздрава коса.
  4. Во Унгарија праските се дефинираат како овошје кое ослободува од стресот. Понесете си неколку на вашето работно место и веднаш ќе го забележите ефектот на смиреност кои праските ќе го имаат врз вас.
  5. Доколку имате проблеми со вашиот дигестивен систем, се препорачува да консумирате три праски дневно кои веднаш ќе го смират вашиот стомак.
  6. Во Кина најчесто се консумира чај од праски како лек за бубрежните заболувања.
  7. Праските содржат бета-каротен кој го одржува здравјето на очите. Доколку повеќе време поминувате пред компјутерот најдобро е да консумирате секојдневно по неколку праски кои ќе го зачуваат вашиот вид.
  8. До сега низите истражувања докажале дека токму праските се борат против ракот и кардиоваскуларните болести.
  9. Праските се препорачуваат како терапија за сите оние кои имаат чувствителна кожа, но и најдобро е да се консумираат пред изложување на сонце бидејќи тие штитат од штетните сончеви зраци.
  10. Луѓето кои боледуваат од реума им се препорачува често консумирање на праски и нивно воведување како дел од исхраната во оброците.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close