fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Лашкоска:ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог за закон за изменување и дополнување на Законот за тутун

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог за закон за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка.

Поради недоследноста во примената и извршувањето на постоечкиот Закон, потребите на граѓаните се причината за овие предложени измени на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи се во функција на допрецизирање на третманот на неферментираниот тутун.

Целта на Предлог законот кој што ќе го поднесеме е да се надминат проблемите и да се обезбеди правна сигурност при откуп на тутунот и покрај поднесен приговор и да се допрецизира третманот на неферментираниот тутун.

Имено, за увезениот необработен тутун, увозникот ги избегнал сите споменати обврски во Глава II, III I IV од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи и не гарантира за потеклото, безбедноста и контролата на производот, што е спротивно на Европската Регулатива 40/2014 како и Рамковната конвенција за контрола на тутунот на СЗО која ја имаме Ратификувано во 2006 година. Должни сме да ги почитуваме одредбите на истата, потсетувајќи на член 15 од Рамковната конвенција за контрола на тутунот од СЗО, потписниците се обврзани за елиминирање на сите форми на недозволена трговија со тутун и тутунски производи, вклучувајќи криумчарење и нелегалното производство, што е суштинска компонента на контролата на тутунот.

Наша обврска е да се почитува важноста на меѓународните акти и истите да се почитуваат како што се: Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал, Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупцијата и Конвенцијата на Обединетите нации за борба против недозволената трговија со наркотични дроги и психотропни супстанции.

Сметаме дека со предложеното изменување и дополнување на Законот ќе се создадат услови на целосно и подобро спроведување на Законот и истовремено ги повикуваме пратениците од парламентарното мнозинство да дадат поддршка на измените и дополнувања кои што ги бараат и истовремено ќе ги решат проблемите со кои се соочуваат тутунопроизводителите.

Ане Лашкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонијаhttps://kanal5.com.mk/lashkoska-vmro-dpmne-kje-podnese-predlog-za-zakon-za-izmenuvanje-i-dopolnuvanje-na-zakonot-za-tutun/a473182

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close