вестиТоп вести

Државата мора со реална поддршка да овозможи земјоделците да бидат фактор за носење на одлуки околу цената на своите производи

Интервју со Менде Ивановски, претседател на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, воедно  член на советодавното тело на Здружението на земјоделци „Зелена берза“.

Државата мора со реална поддршка да овозможи земјоделците да бидат фактор за носење на одлуки околу цената на своите производи

 

Ивановски, анализирајќи ги моменталните состојби во македонското земјоделско задругарство, вели дека земјоделците мора да сфатат дека само здружени во задруги и групи на производители ќе можат да ги користат ЕУ фондовите, како и финансиската поддршка која ја доделува Европската Унија во секторот задругарство. Преку задругите ќе може производите да бидат брендирани и со сите потребни сертификати за да немаме проблеми со извоз на нашите производите.

 

 

З.Б-Земјоделцитеслабосездружуваатвозадруги, досега се оформенисамочетириесетиназемјоделскизадруги, иакоимамеогроменбројиндивидуалниземјоделци. Законотзаформирањеназадругитеодамна е донесен, но, очигледно тојнесеприменува. Што мислите во што е проблемот? Штогидемотивираземјоделцитедасезачленуваатвозадруги?

Ивановски-Задруги во Р. Македонија почнале да се формираат во 1920 година и од тој период наваму, во нашата република, најголем развој на задругарството има во периодот на 50-те години со формирање на селски работни задруги и тогаш, скоро во секое село има и задруга. Но, овој период и покрај големиот број на формирани задруги, е еден период кој е запомнат како лош систем, а луѓето се разочарани од здружувањето во задруги. Доаѓа до масовно растурање на задругите, меѓутоа, со опстојувањето на одреден број на земјоделски задруги во периодот од 1965 до 1990 година, задругите кои функционираа во Р. Македонија покажуваа добри резултати од своето работење. Во овој период од 90-те  години земјоделците  имаа можност преку постоечките задруги многу лесно да го пласираат својот производ на пазарот. Со донесување на Законот за приватизација на општествен капитал во приватен во 1994 година, се дојде до уништување на задругите и задругарството. Во 2002 година е донесен сеуште важечкиот закон, според кој се регистрираат задругите во Р. Македонија, но истиот не донесе подем во формирањето на нови задруги и нивно полесно функционирање. Со повеќе проекти од странски донатори се правеа напори да се објасни можноста од здружувањето и како сето тоа да им ја олесни работата на задругарите . Во овој период, најголем акцент се стави на земјоделските задруги и затоа најмногу се зборува за земјоделски задруги. Сепак, искуството од поранешниот систем и недобро дефинирани законски основи околу формата на здружување, не донесоа подем во задругарството. Во 2013 година, се направија дополнителни напори за формирање на нови задруги и се донесе Закон за земјоделски задруги преку кој се воведоа и стимулации за земјоделските задруги кои ќе се формираат според тој закон. Со носењето на Законот за земјоделски задруги, сепак не се постигна очекуваната цел и покрај законските одредби да може Агенцијата за финансиска поддршка да објавува повици на кои земјоделските задруги би се пријавувале за набавка на земјоделска механизација, само два пати беа објавени повици во изминатите 7 години. Земјоделците не се доволно информирани за нивните придобивки од здружувањето во задруги и според мене, тоа е една од најглавните причини зошто земјоделците не се здружуваат во задруги во овој момент.

 

З.Б-Одсамотопредлагање и донесувањенаЗаконзазадруги, тојпретрпекритики и препоракизапромена, нотие, зажал, небеавнесенивозаконот. Зошто власта, оваа или претходната немаат слух за подобрување на работите? Што ви одговараат навашите барања?

Ивановски-Со донесувањето на Законот за земјоделски задруги и согледувањата дека и покрај законските одредби за финансиска поддршка, законот не ги дава очекуваните резултати, Министерството за Земјоделство шумарство и водостопанство на Р.Македонија(МЗШВ), побара од Европската Унија преку ИПА фондовите да се додели грант за задругите преку кој е пожелно да се зајакнат капацитетите на МЗШВ и Македонската асоцијација на земјоделски задруги(МАЗЗ), а одредена сума на финансии да им се додели на постоечките и новоформирани задруги. Од доделениот грант од ЕУ фондовите се направи анализа за состојбата во задругарството во Р. Македонија и врз основа на таа анализа се дојде до заклучок дека е потребно да се работи на законски измени. Од три досегашни закони кои ги тангираа задругите да се сведе само на еден општ Закон за задруги.

 

З.Б-Она што е секому јасно е дека токмуоткупувачитенајмногузаработуваатоднеорганизираните и хаотичниземјоделци. Што треба да се менува?

Ивановски-За да се промени денешната ситуација со пласманот на земјоделските производи, ќе мора земјоделците да сфатат дека треба да бидат организирани и здружени. Да, јасно ни е на сите дека откупувачите најмногу заработуваат од земјоделските производи кои ги откупуваат од земјоделците. Треба да се работи на едукација на земјоделците, да им се објаснат сите правни и економски аспекти за да нема нејаснотии, како од поимот што се здружува, како ќе функционира задругата и како би се распределувала добивката од работењето.

 

З.Б-Познавачите на приликите велат дека во земјаванекогашималодури и 1.000 задруги, а сега сме далеку од современо задругарство. Зошто македонскиот земјоделец не ги користи светските искуства какоФранција, Ирска, Холандија каденад 50 отстоодземјоделскитепроизводи, набавкатаназаштитнисредства, механизација, преработка, одатпрекузадругите?

Ивановски-Затоа на почетокот кажав дека во Македонија одамна е започнато задругарството и истото имало и подеми и падови, меѓутоа, не е во прашање само менталитетот на луѓето, туку и недобро дефинираните законски одредби, како и правилниците кои произлегуваат од законите кои не створија доволна доверба кај земјоделците за да имаме современо задругарство. За да се користат светските искуства и нашите земјоделци, како при набавка на репроматеријали, исто и при продажбата на земјоделските производи да работат како што спомнавте, како во Франција, Ирска и Холандија, да своите производи ги пласираат преку задруги, мора државата да ги примени критериумите и законските основи како во споменатите држави. Со огромна, не само финансиска, туку и реална поддршка на задругите.

З.Б-Во ЕвропскатаУнијадури 40 отстоодземјоделскатадејностодипрекуземјоделските задругикаковаженсегментнаевропскатаекономија. Каде е нашето задругарство на патот кон ЕУ?

Ивановски-Во моментот се работи на измени на Законот за задруги, кој е усогласен во делот со европското законодавство за задруги. Земјоделците мора да сфатат дека само здружени во задруги и групи на производители ќе можат да ги користат ЕУ фондовите, како и финансиската поддршка која ја доделува Европската Унија во секторот задругарство. Преку задругите ќе може производите да бидат брендирани и со сите потребни сертификати за да немаме проблеми со извоз на нашите производите.

 

З.Б-Во еднапригодапосочивтедекакајзадругитеимаповеќепроблематичнисегменти, одкоиедниот е даседефинираштосездружувавоземјоделсказадруга? На што конкретно мислевте?

Ивановски-Кога кажав дека мора точно да се дефинира што се здружува во задругата, мислев на тоа дека, земјоделците од страв не се здружуваат, мислејќи дека доколку се здружат во задруга ќе го изгубат сопствениот имот и покрај тоа што во законите е дефинирано дека сопственоста е приватна и не може да биде изгубена, сепак земјоделците имаат чувство на страв. Со новиот  Закон за задруги е дозволено секоја задруга која ќе се формира со сопствениот Статут да дефинира што и како членовите здружуваат. Имаме земјоделски стопанства кои сакаат да бидат здружени само за набавка на репроматеријали, додека имаме стопанства кои сакаат да бидат здружени како за набавка на репроматеријали, исто и за пласман на своите производи и трета група на стопанства кои сакаат да имаат заедничко производство и нивниот сопствен имот да го здружат во задругата и на задружен имот да имаат заеднички производ.

 

З.Б-Каде го гледате излезот од ситуацијата?Што ќе предложите?

Ивановски-Самото сфаќање на земјоделците е излез од една ваква ситуација. Земјоделците мора во своите размислувања да одлучат дали самите тие ќе носат одлука за цената на сопствените производи или таа одлука ќе му ја препуштат, како и до сега, на откупувачите и тие во име на производителите, да им ја одредуваат цената. За ова да се реализира, мора државата со реална поддршка да овозможи земјоделците да бидат факторот за носење на одлуки околу цената на своите производи.

 

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close