fbpx
Вести

За прв пат ќе се произведува квалитетен расад

Државата понуди парцела во Струмичко за изградба на оранжерии за производство на квалитетен расад. Станува збор за парцела од 14 хектари на локалитетот Орман кај струмичкото село Баница, на која би требало да се подигнат стакленици каде што ќе се произведува и ќе се одгледува сертифициран односно квалитетен расад за градинарски култури согласно европските стандарди. Како што велат од Министерството за земјоделство, со продажбата на земјиште за таа намена се отвора можност, конечно, во земјава да се произведува квалитетен расад, кој ќе дава поголеми приноси кај доматите, пиперките и кај краставиците.

za prv pat kje se proizveduva kvaliteten rasad

 

“За локацијата Орман кај струмичкото село Баница, заинтересираните во рок од четири години треба да изградат оранжерија за годишно производство од најмалку 20 милиони садници за градинарски култури. Инвестицијата што треба да се вложи е околу милион и 200 илјади евра”, велат од Министерството за земјоделство.

Засега нема информации колку фирми покажале интерес за изградба на расадник за градинарски култури во Струмичко, а земјоделците уште од поодамна го посочуваат проблемот со потфрлувањето на приносите, како резултат на немањето квалитетен расад.

“На пазарот се појавија разновидни семиња за градинарски култури и да не знаеш на кое да му веруваш. Понекогаш не сме во можност, поради временските услови, да произведеме квалитетен расад , коментираат од Сојузот на земјоделци од Струмица кои додаваат дека ваквиот чекор е придонесе за поголем квалитет.

Освен во Струмица, оранжерии за производство на расад се планираат и во Гевгелија и во Богданци. На Македонија, според Министерството за земјоделство, годишно и се потребни 100 милиони садници кои во изминатиот период делумно се увезуваа а дел се произведуваше од земјоделците.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close