вестиТоп вести

За 15 дена е продолжен рокот за поднесување барања за користење средства  од ИПАРД 2 за мерката  7 

По барање на заинтересираните странки, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го продолжи рокот за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ која се финансира од ИПАРД 2 програмата. Наместо до 18- ти ноември сите заинтересирани апликациите ќе може да ги доставуваат до 3- ти декември 2019 – та година.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение за јавноста информира дека со оваа им се дава доплнителна можност за прибирање и комплетирање на целокупната документација која е потребна за аплицирање за добивање на средствата од ИПАРД 2 Програмата, поточно од Мерката 7 „Диверзификација и развој на мали бизниси“.
Преку Јавниот повик за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата, вкупно на располагање се 16,6 милиони евра. Оваа мерка овозможува реализација на инвестиции во модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, пијалоци, колачи, пекарски производи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, аквакултурни фарми за слатководна риба, сместувачки капацитети како и отворање на ресторани кои нудат угостителски услуги. Согласно програмата до 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција ќе им бидат вратени на апликантите преку средствата од ИПАРД 2 Програмата. Со ефикасно искористување на оваа мерка ќе се придонесе за отворање на нови работни места во руралните средини со што ќе се намали руралната депопулација, подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и зголемување на нивото на економската активност. Преку Мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ го развиваме најмоќниот дел на економијата а тоа се малите и микро претпријатија кои се силата на домашната економија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close