fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Викендов гратис скијање на Пелистер

ЈП Стрежево кое стопанисува со ски - центар Нижеполе информира дека од денеска ќе започне пробно скијање на ски стазата, а утре ќе  има промотивно скијање.

Ски сезоната на Пелистер почнува овој викенд , како во ски центарот Нижеполе така и Копанки, овој викенд ски лифтот и жичарницата ќе бидат бесплатно.

ЈП Стрежево кое стопанисува со ски – центар Нижеполе информира дека од денеска ќе започне пробно скијање на ски стазата, а утре ќе  има промотивно скијање.

-Ги очекуваме сите љубители на скијањето, значи двата дена од викендот гратис користење на ски лифтот. Во зависност од условите ќе ве известиме за тоа дали ќе има ноќно скијање, велат од ски центарот Нижеполе.

Почнува со работа и ски-центарот Копанки информираат од АД ЕСМ. Од таму соопштија дека на жичарата ќе има бесплатно возење од 9 до 16 часот, но предупредуваат дека услови за скијање има на дел од ски патеката.

-Во очекување на новите врнежи од снег и создавање на идеални услови за скијање,  ве молиме за прилагодување на условите на скијалиштето поради вашата безбедност, со оглед на тоа што на дел од ски патеката Копанки се создадени само минимални услови за скијање, се наведува во соопштението од АД ЕСМ.

А.Б

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close