fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Државата рaсполага со земјоделско земјиште кое вреди до 2,5 милијарди евра

Од јуни на продажба државното земјоделско земјиште

Министерството за земјоделство објави на ЕНЕР дека работи на новиот закон за продажба на државно земјоделско земјиште. Тоа значи дека е се поблиску до сотварување идејата на Владата од јунни годинава да се стави на продажба државното земјодлеско земјиште и на таков начин да се инкасираат пари во буџетот. Првично беше предвидено да се направат измени на Законот, но сега се известува дека се прави комплетно ново законско решение.

Владата секако и претходно најави дека планира продажбата на земјоделското земјиште да стартува од средината на 2021 година, со што сега со Законот се прави терен за тоа. Иако имаше низа забелешки на идејата, не се отстапува од можноста со продажба на државна земја да се влеат околу 300 милиони евра во буџетот. За толку пари се првичните пресметки. Во моментов на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР) нема многу детали од законот, кој се очекува да биде прикачен за неколку дена. Стои само дека со овој закон ќе се подобри постапката за продажба на државното земјоделско земјиште во смисла на усогласување на рокови и времетраење на постапките.

„Ќе се дефинираат критериумите за избор на земјоделско земјиште во државна сопоственост за продажба, предвидување посебни постапки за приватизација на земјоделското земјиште кое е веќе издадено и земјиштето кое е слободно, земајќи ја во предвид и големината на парцелите, постоење на објекти и долгогодишните насади на државно земјоделско земјиште понудено на продажба и додефинирање на критериумите за продажба, стои во објавата.

Премиерот Зоран Заев во неколку наврати претходно рече дека државата рaсполага со земјоделско земјиште кое вреди до 2,5 милијарди евра. Сепак немало да се продава сето туку само 10 до 15 проценти од расположливата земја. Тоа значи дека би се оттуѓило земјиште кое би вредело до 200 до 300 милиони евра. Инаку од соопштеното стана јасно и дека се планира да не се продава земјоделско земјиште под 10 хектари, односно еден купец би можел да купи само парцела поголема од 10 хекатри. Право да купат ќе имале само домашни физички и правни лица, ама во фирмите можело да има и странски капитал. Планирано беше декар земја да чини од 250 до 450 евра, а предност при купувањето ќе имале концесионери. Земјиштето што ќе се купи ќе не може да се пренамени во градежно земјиште.

Од Министерството за земјоделство неодамна за Фактор потврдија дека се работи на законот и дека деталите ќе бидат објавени кога ќе биде готов.

Премиерот Зоран Заев уште на крајот на минатата година рече дека државното земјоделско земјиште е сериозен ресурс за развој бидејќи оние кои ќе го имаат ќе бидат заинтересирани да вложуваат во производство и да го развиваат бизнисот, да добиваат банкарски кредити…  Додаде дека компаниите кои доаѓале од Катар и од други блискоисточни земји имале намера да одгледуваат јагниња, за производство на јагнешко месо или за одгледување крави и дека биле заинтересирани за поголеми површини – од над 3.000 хектари.https://faktor.mk/od-juni-na-prodazba-drzavnoto-zemjodelsko-zemjishte-za-kupcite-parceli-nad-10-hektari-za-vladata-300-milioni-evra

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close