Совети: Како да се спасите од стршлени

(Oвој напис е објавен на: September 20, 2019)

 

Убодот од стршлен  е познат како непријатно искуство. Едно прободување е повеќе од доволно, но убодот  од повеќе стршлени истовремено (површината на вратот или главата) може да биде фатално. Ризикот од убод на пчела или оса е поголем ако лицето е алергично на убоди од вакви инсекти.

 

Летниот период е време кога овие видови инсекти се најактивни и најбројни. Во зима, преживуваат само матиците додека во текот на летото се множат и создаваат нови заедници. Осилата  можат да бидат поставени во природни шуплини на дрво или на ѕидови, но проблеми најчесто создаваат гнезда лоцирани во домовите на луѓето. Секое скриено место во домаќинството, може да биде погодно за стршлените , додека кај осите секое место ко е на суво.

 

Активноста на овие инсекти е во текот на денот кога  се јавуваат првите сончеви зраци и одат по потрага на храна и трае додека се стемни кога се враќаат во своите гнезда.  Вистинското гнездо е околу пет до шест сантиметри до дваесет сантиметри, а некогаш  може да стигне до големина на отворен чадор.

 

Покрај тоа што некогаш се опасни за човековото здравје, тие можат да бидат голем проблем за пчелите, каде што предизвикуваат огромна штета. Тие, исто така, ги  оштетуваат плодовите,  понекогаш до последното овошје, а тоа се најчесто  грозје или круши.Битката со таков опасен непријател треба да биде добро планирана, а опремата  е задолжителна, во спротивно можно е некој да настрада. Најдобро е целосно да се уништи  гнездото, при што не може да се обнови заедницата. Тоа е можно само со добра опрема.  Исто така инсектите може да се уништат со третирање со инсектициди.

 

Прскањето може да се направи со спреј, кој е наменет само за овие видови инсекти.

 

Спреј од кромид и пипер – најлесен рецепт за сузбивање на инсектиИсто така, употребата на концентрати на инсектицид, кои се раствораат со вода во согласност со упатствата на производителот, а потоа  примена на  распрскувач од безбедно растојание.

 

Замките  за фаќање на стршлени се многу ефикасни. Пластичните шишиња со отвори во средината во кои се става малку пиво или овошен сок се вистинска стапица  во која може да се фатат  многу од овие инсекти. Исто така, лепливи ленти или лепак за  глувци на картон може да се стават  во близина на осилото, а како мамка се користи парче од риба или месо. На овој начин не  се привлекуваат  корисните пчели, но затоа мирисот на месо е неодолив за стршлените. Кога еден  ќе биде фатен, наскоро ќе се фатат многу други од нив.