fbpx
Без категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ќe има ли и за кого повисока дневница за 35 отсто – и по два и пол месеци нема конечно решение за неработната недела

Најавена на голема врата уште пред два месеци, засега нема ништо од неработната недела. Ова ветување, кое беше дадено уште пред изборите, а потоа и потврдено на владина седница на почетокот на ноември, требаше многу брзо да биде преточено во законско решение.

Најавена на голема врата уште пред два месеци, засега нема ништо од неработната недела. Ова ветување, кое беше дадено уште пред изборите, а потоа и потврдено на владина седница на почетокот на ноември, требаше многу брзо да биде преточено во законско решение. Тогаш од Владата соопштија дека на Министерството за труд и социјална политика му била дадена задача за две недели да подготви соодветен закон, по што министрите би го усвоиле и би го дале на гласање во законодавниот дом. Но, веќе дојде средината на јануари, а од законот нема ни трага ни глас, односно него го нема ниту на владината платформа ЕНЕР, ниту во Собранието како предлог на законски текст.

По ова прашање неколку пати се состануваше Економско социјалниот совет, каде се вкрстуваа различните мислења меѓу власта, работодавачите и синдикатите. Министерката за труд Јагода Шахпаска тогаш најави дека нема да има нов закон, туку ќе се донесат измени на Законот за работни односи, со кој ќе се предвиди ова решение, како и дека ќе се утврдат измени на неколку други закони, под кои спаѓаат дејностите за кои ќе се регулира работењето во недела, и дека за тоа ќе бидат задолжени соодветните министерства. Според наши сознанија, после неколкуте состаноци на Економско социјалниот совет, се уште не е постигната согласност како точно би изгледале законските измени. Имало и неусогласеност меѓу двата синдикати, Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати. За организацијата на работодавачи, пак, прифатлив е последниот предлог на еден од синдикатите, но не е познато дали тоа ќе биде и конечното владино решение. Односно, КСС предложиле во Законот за работни односи да се додаде измена дека недела ќе биде неработен ден за сите работници, а оние што ќе треба да работат во недела, да им се плати дневница која ќе биде за 35 отсто повисока од редовната. Но, според работодавачите, тоа е многу штура законска измена, која не прави разлика меѓу различните видови на професии и компании. Или поконкретно, постојат три вида на компании.

Првата категорија се оние каде што поради технолошкиот процес во нив, на пример во индустријата каде што не смеат да се изгасат печките, неделата се смета како и секој работен ден, со тоа што таму се работи на смени, на пример сите работници работат по четири дена, па потоа два дена се слободни, и тоа за нив важи без оглед дали е недела или друг ден. 

„Во таков случај, не може да се бара во недела на работникот да му се плати дневница повисока за 35 отсто, бидејќи тој работник секако ќе биде потоа слободен, на пример, во наредната среда или четврток“, вели Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи. Вториот тип на компании се оние каде е нормално недела да биде неработен ден, на пример во текстилот или во некои други дејности, и таму газдите само по исклучок можат да ги повикаат работниците на работа, и да им платат дневница повисока за 35 отсто. И, третиот тип на дејности се сезонските, на пример во земјодеството, или градежништвото, каде што, според работодавачите, доколку се инсистира недела да биде неработен ден, ќе пропадне сезоната, и тоа ќе биде штетно за работењето на овие деловни субјекти.https://faktor.mk/kje-ima-li-i-za-kogo-povisoka-dnevnica-za-35-otsto—i-po-dva-i-pol-meseci-nema-nishto-konkretno-za-nerabotnta-nedela

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close