вестиСоветиТоп вести

Ѓубрење кај житарици

(Oвој напис е објавен на: јануари 24, 2020)

 

Ѓубрење кај житарици

Правилното ѓубрење кај житариците е неопходен фактор кој доведува до квалитетни приноси. Покрај азотот, исто така и фосфорот, калиумот, магнезиумот и сулфурот заедно со микроелементите имаат решавачка улога за приносот и квалитетот на крајниот производ. За да биде ѓубрењето изведено квалитетно и соодветно треба да се прави разлика помеѓу внес на хранливи материи и потребата на растението за исхрана. Под потреби за исхрана се подразбира количината на хранливи материи кои им се потребни на растенијата и кои тие ги апсорбираат за постигнување оптимални приноси и совршен квалитет.

 

Калиумот е неопходен за високи приноси и квалитет. Тој има важна улога во главните метаболитички процеси на растението.

  • Ѓубрењето со калиум е гаранција за високи приноси.
  • Ја регулира водата во растението,ја зголемува отпорноста кон суша
  • Ја зголемува отпорноста кон мраз
  • Влијае врз зацврстување на клеточните ѕидови а со тоа ја намалува подложноста на полегнување
  • Ги подобрува квалитативните карактеристики, доведува до поквалитетни приноси

Присуството на калиум во почвата треба да биде умерено застапено.

Прегледајте го целосниот текст во пдф на следниот линк.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close