Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ Битола работи во насока на реализација својата визија да стане здружение со илјадници членови.
Зелена берза постои за да поттикне, да информира и да помогне во вистинското вреднување на трудот на земјоделецот. Целта е да се слушне гласот на земјоделецот, размена на искуства, создавање на услови во кои земјоделецот ќе може успешно да работи и да добие соодветен приход.
Здружението , преку списанието Зелена берза се обидува да стигне до рацете на што поголем број земјоделци. Со тоа многу информации и совети што се од корист за земјоделците да стигнат до нив. Пристапувањето во здружението им нуди бројни бенефити. Оние што еднаш се зачлениле во Зелена берза, ги почувствувале поволностите и го продолжуваат своето членство. Ги има и оние што не ги искоростиле, но здружението прави се’ што е во негова моќ сите информации да стигнат навреме до сите земјоделци.
Станувајќи член на Зелена берза за годишна членарина од 600 ден, се добиваат не само бројни попусти и привилегии туку се дава и можност на некој начин да се влијае во земјоделството во државата и создавање на конкурентен земјоделец.
Во моментот, со помош на купоните кои членовите ги добиваат на самото зачленување, земјоделците може да користат низа поволности од наши поддржувачи пријатели на Зелена берза.
Попусти за: масло и антифриз, семенски материјали, подобрувач на почва, разни хемиски анализи на почва и други производи, секакви видови на машини и потребна земјоделска механизација без која не може да се замисли едно современо стопанство, попуст за осугурување
За сите прашања и дилеми тука се стручните советници од повеќе области:
ИПАРД консултанти, адвокати, шпедитери, геодети, архитекти, лица за финансии и сметководство, технички лица и сервидери, осигурителни брокери.
Позитивно се оценети од страна на земјоделците и стручните лица, едукативните предавања што ги организира здружението. На тој начин земјоделоците ќе може нешто да научат, да разберат за новините што се случуваат. Саемите пак се одлични не само за заеднички дружби туку и за размена на искуства.
Зелена берза и понатаму ќе работи во насока на подобрување на интересите на земјоделците.
Токму затоа ги поканува сите заинтересирани да станат дел од големото семејство на Зелена берза и да ги почувствуваат поволностите и бенефитите што се нудат, затоа што само задоволен земјоделец е среќен земјоделец.