fbpx
ВестиТоп вести

Васка Мојсовска-Руралните жени се оставени сами да се борат за опстанок

Рурална жена

 

 

 

 

Васка Мојсовска, генерален менаџер на „АгроКалем“ Тимјаник – Неготино и претседател на Националната федерација на фармери.

-Жените во руралните средини се невидливи, маргинализирани и оставени сами да се борат за опстанок. Така изгледаат жените во руралните средини. Социјална исклученост, невработеност, полова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и  ресурсите, доминација на традиционални норми, лишување од сопственост на земјоделско земјиште и имот, лишување од правото на породилно отсуство, ограничени пристапи и понуда за образование, информации, јавни и социјални услуги и здравствена заштита. Дури 3 од 4 жени во руралните средини се неплатени, а највисоки стапки наневработеност се кај млади рурални жени. Околу 64 отсто од жените во руралните средини не се активни на пазарот на трудот заради нивниот ангажман во домаќинството и грижата за децата.

 

Содржините на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија

З.Б.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close