Вести
Во март храната глобално поевтини заради овие две намирници
Во март на светско ниво храната поевтини, соопштија од организацијата за храна и земјоделство.
Состојбата е таква поради големите залихи и очекување за богата жетва.
Цените биле поевтини за 2.8% во однос на претходниот месец.
Гледано на годишно ниво, цените за месец март и понатаму се повисоки и тоа за 13.4%.
Цените на житариците минатиот месец се намалија за 1.8%.
Пченицата и пченката се вратиле со цените на ниво од март 2016 година.
Растителните масла поевтиниле за 6.2% на месечно ниво, а најмногу паднала цената на шеќерот за 10.9% или на најниско ниво од мај 2016 година.
Млекото поевтинило за 2.3% поради обилните залихи во однос на месец порано, но млекото уште е поскапо од лани.